РЕВИЗОРИТЕ УШТЕ ВО АПРИЛ НАПИШАЛЕ ЗА ПРОПУСТИТЕ И ЗА ОНКОЛОГИЈА, И ЗА БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА - Максим Ацевски во интервју ги открива деталите
Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2023 10:30
Главниот државен ревизор Максим Ацевски во интервју за „Радио Слободна Европа“ посочува дека во ревизорските извештаи објавени во април констатирани се неправилности и на Клиниката за онкологија и во Битолската болница.
Она што е идентично за двете клиники, вели Ацевски, е дека двете институции располагаат со акцелератор кој е наменет за лекување на онколошките пациенти, но поради несоздадени услови, дадена е поголема сума на средства, а апаратите не се ставени во функција.
За Клиниката за онкологија, како што вели, контатирано е и дека имало проблем и во начинот на кој се водело издавањето на терапијата.
- Ако ја погледнете содржината на конечниот ревизорски извештај или резимето, утврдено е дека има проблем во начинот на кој се водело издавањето на терапијата, лицата кои се ставаат на терапија, набавката на терапија и евиденцијата. Според пресметките, терапијата која е набавена е во износ од 6 милиони евра и се гледа дека е евидентирана на крај на годината. Негативно во работата на клиниката е што има голем број обврски кои се преземени надвор од предвидениот буџет за нејзино работење, вели Ацевски.
Прашан дали е побарана помош од истражителите, Ацевски појаснува дека доказите до кои доаѓаат ревизорите се чуваат во електронска форма и се што располагаат се предава на јавното обвинителство.
За Општата болница во Битола, ревизорите констатирале неправилности во делот на исполнувањето на законскиот минимум за работни часови за редовно работно време наспроти поголемата исплата за дежурства и во исто време ангажирањето на ист медицински персонал во други медицински установи.
Фото: МИА
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




