Револтиран граѓанин на протестот: Мајка ми за седум дена се претвори во жив мртовец
Објавено во: Македонија 04 Септември, 2023 18:27
„Смрт на лекарската мафија“, „Затвор“, „Убивате за профит“ извикуваа граѓаните вечерва на протестот пред Владата, поради аферата на Клиниката за онколонија.
Граѓаните се бесни по информациите кои се појавија во јавноста дека персоналот од клиниката продавал лекови за болните од канцер на „црно“ во Косово.
Тие испишаа натпис „Убијци“ пред Владата и оставија порака „Ова не се пере“.
Човек кој се обрати на протестот, кажа дека е жално што 30 години народот вака се собира за лоши работи, но вели таква ни е државата. Мајка му имала карцином на бели дробови.
„Под хитно беше пренесена на хемотерапија. Мајка ми беше карпа човек. После 3 дена на хемотерапија клапна и за недела дена почина. Мајка ми за седум дена се претвори во жив мртовец. Оваа влада, онкологија тоа што е поврзано, ова е мафија ненормална“, рече човекот.
Вели дека од оваа влада не видовме ништо, никој не одговараше за многу афери. За виновниците рече дека треба да скапуваат во затвор.
Здравствените власти уверуваат дека сега нема манипулации со терапијата која ја примаат болните.
фото принтскрин Макфакс
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




