18 Декември, 2025
0.1705

РЕВОЛТИРАНИ РОДИТЕЛИ - Нема топол оброк во сите седум основни училишта во Аеродром, доцни изборот на фирма

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2020 09:24

Добивај вести на Viber

Оваа недела дечињата од сите основни училишта на територијата на општина Аеродром нема да имаат топол оброк. 

Родителите на учениците во сите седум основни училишта вчера биле известени дека овие четири дена децата нема да добиваат топол оброк, па биле советувани или да ги земаат порано од училиште, или да им испратат нешто за јадење.

Причина, како што навеле одделенските наставници, е што догововорот се претходната фирма што ги снабдувала со топол оброк училиштатат истекол, а се уште трае постапката за избор на нова компанија. 

Родителите се револтирани. Велат дека е несериозно на стартот на второто полугодие децата да немаат храна. Особено реагираат што наставниците им рекле дека е добро овие четири дена децата да ги носат на училиште подоцна, а да ги земаат порано.

Во вторник и во среда учениците нема да имаат топол оброк. За четврток и петок ќе ве известиме дополнително. Доколку сте во можност земете ги децата во 12.30 часот. Ако остануваат и попладне, тогаш пратете им нешто за јадење“, гласи една од пораките што ги добиле родителите.

Додека, пак, официјалното известување што го добиле сите училишта, гласи вака.

Ве информираме дека постапката за избор на фирма која ќе ги снабдува со топол оброк училиштата на ниво на општина Аеродром, се уште трае. Од утре училиштата во нашата општина нема да имаат топол оброк. Со оглед на новонастанатата ситуација, ќе ве замолиме од утре на децата да им праќате јадење. А во училиште може да ги носите во 7.50 часот. За сите нови нови информации навремено ќе ве информираме“, се вели во известувањето.

Од општина Аеродром потврдуваат дека сите седум училишта на нивната територија, „Љубен Лапе“, „Лазо Ангеловски“. „Браќа Миладиновци“, „Блаже Конески“, „Димитар Македонски“, „Гоце Делчев“ и „Ѓоргија Пулевски“, деновиве нема да имаат топол оброк.  

Од таму за Фактор тврдат дека постапката за избор на фирма која училиштата ќе ги снабдува со топол оброк е почната навремено, но изборот задоцнил поради жалба на една од компаниите.

„Едниот одговор на таа жалба од Бирото за јавби набавки веќе го добивме, а очекуваме денеска или најдоцна до крајот на неделава да го добиеме и другиот одговор што е неопходен. Тоа е причината што оваа постапка беше успорена, односно ненавремено завршена, но ќе заврши до крајот на неделава, и веќе од понеделник другата недела децата ќе имаат топол оброк“, велат од општина Аеродром. 

Ги прашавме дали не можело да се предвиди дека ќе има жалба, што е нормално во постапките за јавни набавки, но на таа забелешка од општина Аеродром велат „Никогаш не се знае со јавните набавки“.

Исто така, прашавме зошто се дозволило договорот со претходната фирма што ги снабдувала со храна училиштата да заврши токму на полугодие, а од таму нагласуваат дека „нема правило“, како и дека „досега не се случил ваков геп при снабдувањето со храна на училиштата“. 

Од општина Аеродром тврдат дека е битно што родителите се навреме известени и дека е битно што проблемот ќе трае само четири дена, а од понеделник снабдувањето ќе тече вообичаено.  

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија