16 Мај, 2024
0.0986

Револуционерната гаранција и карактеристични полувистини (лаги) на Киа

Објавено во: Свет 06 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Иритантни се рекламните кампањи кои ги спроведува КИА, пишува авторепублика.ком во статијата посветена на револуционерната гаранција и карактеристични полувистини на КИА.

Упорно слушаме за „најдолгата гаранција во Европа“ , која ја нуди токму оваа корејска марка, наведува погореспоменатиот медиум.

Како и воглавно сите соопштенија за јавноста, кои доаѓаат од компаниите кои ги препродаваат возилата на марката КИА, ова е полувистина, или народски кажано лага.. Ќе ве потсетиме само на соопштенијата за јавноста во кои се наведува едноцифрен раст на продажбата на возила од марката КИА во Европа, без да се напомене двоцифрениот глобален пад на продажбата на оваа марка. Со наведување на полуинформации, кај читателите се создава (лажен) впечаток за просперитетот на брендот , иако вистината е болно поинаква.

Гаранцијата која се добива од овие возила е најдолга во Европа, но само мерено со должината на време со која купувачот е покриен, но бидејќи уште на старт утврдивме дека должината е одредница со која се мери и дистанца, јасно е дека Тојота на пример нуди, од тој аспект, подобри гарантни услови, со оглед на тоа дека гаранцијата која важи пет години, покрива неограничен број на километри.

Математика повеќе од наклонета на овластените сервиси

Она што исто така е индикативно е дека КИА, за споредба, правото на гаранција го условува со тоа што сопственикот мора својот автомобил да го сервисира во овластен сервис (на секој 15 000 км или еднаш годишно). Цената на малиот сервис за некој модел од C сегмент или krosover  е 200-250 евра, што е прилично повеќе од тоа да одите на сервис кај својот мајстор, каде ќе поминете со стотина европски парички. Секако, произведувачот ќе ве убеди како надоградува ОЕМ компоненти, но токму истите ќе ги вгради секоја подобра работилница, со тоа што ќе можете лично да видите што конкретно му се става на вашиот автомобил. Ако се позанимавате малку со математика, ќе дојдете до шокантни резултати. За деловната нељубезност на вработените во овластените сервиси и да не зборуваме.

Кој не ги читал условите на гаранцијата треба да знае, дека за споредба, многу компоненти како каиши и слично, се во гаранција од 20 000 км или шест месеци. Кој доживеал некој проблем во гарантниот рок, многу добро знае какви маки имал за да „истера правда“. Воглавно, жалбеното писмо на KIA Motors Europe ги решава работите, но тоа трае подолго од што тоа му се допаѓа на сопственикот на автомобилот. За претрпената загуба на нерви и доживеан стрес да не зборуваме.

Тектот е преземен од овде.

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“