Ричард Брансон споделува: Што научил од трите најголеми неуспеси во животот?
Објавено во: Финансии 20 Јули, 2017 15:28
Милијардерот Ричард Бренсон поседува толку многу бизниси што му е тешко да следи како се развиваат сите. Со богатство од над 5 милијарди долари, тој е еден од најуспешните претприемачи во светот. Но и неговата кариера имала свои издигнувања и падови. Брансон верува дека неуспесите се нешто корисно и од нив можеме само да учиме. Еве какви лекции научил самиот тој.
1. Кога неговата прва компанија не заработувала пари.
Брансон го напушта училиштето на 16-годишна возраст во 1967 година, за да се занимава со бизнис. Во случајот - списание за млади. Сакал да направи медиум кој ќе биде гласот на неговата генерација. И иако содржината била навистина интересна, парите не доаѓале. Ако тогаш Бренсон продолжил со оригиналната идеја, сигурно сега никој немаше да го знае неговото име. Но, наместо тоа тој решил да биде пофлексибилен и да премине во музичкиот бизнис. Создал издавачка куќа, која подоцна се претворила во империјата Virgin Records.
2. Кога Virgin Atlantic речиси не успеа уште пред стартот.
Брансон ја основа авиокомпанијата Virgin Atlantic во 1984 година, а целта му е да го направи патувањето по воздух по пријатно. Немал сепак искуство во сферата и бизнисот за малку ќе му пропаднел.
При тестот на првиот лет и единствен авион тогаш, настанал сериозен технички проблем. Компанијата не можела да земе лиценца за превоз на патници без беспрекорен авион и не можела да добие пари за поправка на авионот без дозвола.
Наместо да паничи или да се откаже, Брансон останал оптимист. Ги реструктуирал компаниите и зел пари од други потфати, за да го финансира реновирањето. Лиценцата била добиена и авиокомпанијата започнала со активности.
3. Кога фирмата за безалкохолни пијалоци се покажала како ужасна идеја.
Брансон поминал во уште една нова територија во 1994 година основајќи компанија за безалкохолни пијалоци преку која планирал да се натпреварува со најголемите имиња во индустријата. Почетокот бил ветувачки и претприемачот имал големи надежи. Но наскоро дошле и финансиските резултати - пијалоците не се продавале. Биле премногу слични на другите на пазарот, немале свој идентитет. Идејата на Бренсон сепак успеала, но тој дознал дека ако не си единствен, ако не нудиш нешто различно, во бизнисот никој нема да те забележи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





