Робертсон вели дека ваква шанса Македонија нема да има во следните 30 или 40 години
Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2018 16:32
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон во своето обраќање во Атланскиот совет на панел дискусијата посветена на нашата земја, изјави дека дојде мигот кога сите во Македонија треба да гледаат кон иднината и да го одбранат националниот интерес на земјата.
Референдумот беше организиран да го избрише зборот „Фиром“ од мапата на светот, бидејќи означува целосно минимизирање на македонскиот идентитет.
Тој смета дека ова е генерациска прилика за Македонија, која тешко дека ќе се повтори во следните 30 - 40 години.
„Совпаѓањето на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, двајцата да најдат заеднички јазик е како ретко порамнување на ѕвездите. Такво нешто нема да се повтори во следните 30 или 40 години“, укажа Лорд Роберстон.
Додаде дека опозиционерите на Договорот од обете страни, од Грција и Македонија, треба да бидат прашани каква е алтернативата.
На панелот било разговарано и за руското влијание на кампањата за референдумот, преку подмитување на црковни лица, воени официјални лица и други националистички здруженија да организираат протести со цел спречување на влезот на Македонија во НАТО.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци




