19 Декември, 2025
0.0428

РОДИ МЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИ МЕ ВО АЕК - три нови вработувања со плати од над 80 и 50 илјади денари, еве кој ќе ги добие местата

Објавено во: Македонија 04 Август, 2022 13:40

Добивај вести на Viber

Не е тајна дека Агенцијата за електронски комуникации важи за еден од надобрите работодавачи во земјава, која дели највисоки плати на своите вработени.

Агенцијата распишала огласи за вработување за три работни места, од кои едната плата е над 80 илјади денари, а другитен две се над 50 илјади денари.

Едното работно место е за Советник на директорот за информатички технологии(, кој покрај општите услови, треба да исполнува и квалификации - ниво VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, и тоа Електротехника, компјутерска техника и информатика или информатика, потоа најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 10 (десет) години работно искуство во струката од кои најмалку 3 (три) години на раководно работно место во приватен сектор

 Посебни работни компетенции се активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, потврда за положен испит за административно управување и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

Како што стои во огласот објавен на веб страната на АЕК, неговата плата ќе биде 80.130 денари. 

Инаку, тој човек, согласно годишниот план на институцијата, треба да биде Албанец согласно етничката припадност. 

Ќе се прима и виш соработник за наплата на побарувања и платни налози, кој треба да има ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки и најмалку 2 (две) години работно искуство во струката.

Неговата плата ќе биде 54.790 денари. И неговата националност треба да биде Албанец, стои во огласот. 

И третиот кадар што ќе се прима ќе биде помлад соработник за човечки ресурси, со ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Психологија или правни науки, со или без работно искуство во струката

Неговата плата ќе биде 50.318 денари, а согласно годишниот план на институцијата за 2022 год, тој кадар треба да биде Турчин. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Фото: Фактор

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот