19 Декември, 2025
0.0494

РОДИТЕЛИ ДЕНЕСКА ДОБИЛЕ ПРАШАЛНИЦИ КАКО САКААТ ДА ИМ УЧАТ ДЕЦАТА - дали од одговорите ќе зависи конечната одлука?

Објавено во: Македонија 06 Септември, 2020 16:07

Добивај вести на Viber

Родителите на учениците од некои скопските основни училишта денеска добиле прашалници преку кои треба да се изјаснат дали сакаат нивните деца да одат на училиште со физичко писуство, или да следат онлајн настава.

Прашалниците, според сознанијата на Фактор, ги добилое од класните раководители на нивните деца. 

Во анкетата што ја добиле родителите, пишува дека од одговорите што ќе ги достават најголем број од родителите, ќе зависи конечната одлука во земјава за тоа како ќе се одвива наставата.

Според родителите, не е наведен рок до кога тие треба да се изјаснат на кој начин префрерираат да се образуваат нивните деца. 

А денеска, пак, министерот за здравство Венко Филипче рече дека скопските ученици над трето одделение нема шанси од први октомври да седнат во училишните клупи. 

Во интервју за Радио Слободна Европа министерот Филипче е категоричен дека училиштата со мал број класови и ученици може да побараат дозвола, но скопските нема да ја добијат.

„Доколку училиштето е во Скопје и сака да направи исклучок и аплицира дозвола да бидат физички присутни и учениците од четврто и петто одделение од почетокот на октомври, ние нема да го дозволиме тоа“, потенцира првиот здравствен работник.

Од друга страна, пак, министерката за образование, Мила Царовска, денеска рече дека не смееме да дозволиме црно-бела слика и исклучиви позиции, да се одлучува за избор: или здравје или образование на децата. 

Тоа не е добро, смета Царовска, нагласувајќи дека се уште се размислува за моделот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот