15 Мај, 2024
0.0272

Родители на бебиња во САД во паника - Млеко за доенчиња не може да се најде низ маркетите

Објавено во: Свет 19 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Голем број родители во САД се загрижени поради недостигот на прашок за млеко за бебиња или попознат како формула за бебиња и секојдневно се во потрага по маркетите во својата околината во надеж дека ќе најдат суровина за да ги наранат своите бебиња.

Како што пишува Би-Би-Си, родителите алармираат дека се чуствуваат поразено бидејќи не можат да обезбедат храна за своите најмили. Тие ја пренесоа приказната на Бренди Слоун, 43-годишна мајка на две деца која била пред плачње, бидејќи веќе се чуствувала скршено оти нејзината очајна потрага по формула за бебиња завршила неуспешно. Таа посочила дека посетила други пет самопослуг во која барала храна за бебиња, но сите имале празни полици.

-  Се чувствувате толку поразено затоа што би требало да можете да ги нахраните вашите деца, а не можете затоа што нема ништо - изјави таа за Би-Би-Си.

Бренди има 15-месечна ќерка, а од неодамна има и посвоен двомесечен син. Таа е меѓу милионите американски семејства кои се борат да ги прехранат своите деца во услови на недостиг од адаптирано млеко низ целата земја.

Некои се толку очајни што се обидуваат да направат свои замени за формула за новороденчиња. Порадиова, пребарувањата на Гугл за совети како да се направи формула во домашни услови се зголемила за 2400 проценти во последните 30 дена, потенцира Би-Би-Си.

Синџирите за снабдување беа затегнати во текот на пандемијата, но недостигот на адаптирани млечни производи ширум индустријата почна да се интензивира во февруари кога голем производител на прав за доенчиња затвори објект и издаде доброволно отповикување откако откри контаминација.

Компанијата постигнала договор со американските регулатори повторно да отворат, но предупредуваат оти може да потрае и до два месеци пред производите да се појават на полиците.

Анализата на фирмата за истражување на мало покажала дека 43 отсто од производите со формула биле недостапни на национално ниво во првата недела од мај, а се зголемиле особено во државите Тенеси, Тексас и Ајова.

Американската академија за педијатрија ги советува родителите да контактираат со локалните педијатри за помош, да избегнуваат купување големи кутии или складирање. Исто така во одредени ситуации се препорачува во консултација со педијатрите да се дадат алтернативи на формула.

Фото: EPA/ERIK S. LESSER

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“