03 Мај, 2024
0.0296

Родители своите првачиња ги учат како да седат дома сами: Некои не смеат да ја користат владината мерка-ослободени од работа

Објавено во: Македонија 04 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Со почетокот на новата учебна година, повторно истиот проблем кој да ги згрижи децата кои ќе бидат на настава во претпладневите часови, најмногу од 8.00 до 11.00 и секако кој ќе биде со оние кои ќе останат дома, наставата да ја следат онлајн. Родителите веќе прашуваат дали и понатаму важи владината мерка која беше воведена во почетокот на епидемијата, веднаш по затворањето на училиштата и градинките. Но истите прашања ги поставуваат и некои сопственици на помали фирми, кои велат дека ова повеќе нема никаква смисла и дека колку и да ги толерираат своите вработени, сиве овие месеци, работата повеќе не смее да трпи.

Истовремено, пак, и мајките и татковците кои не се во државната администрација се револтирани дека Владата овозможи на огромен број вработени во институциите да седат дома и да земаат плата.

-Што да ви кажам, јас мора да одам на работа, во спротивно ќе добијам отказ. Немам шанси работните задачи да ги извршувам од дома. Истото е и со сопругот. И досега се снаоѓавме. Ја гледавме ќерката за викенд. Практично од март до сега беше кај моите родители во Битола, а што ќе правиме сега, не знаеме. Веќе е прваче, ја пријавивме за физичко присуство, па ќе молам соседи, роднини тука што се да ја земаат и да ја носат до дома. Уште сега и кажувам дека ќе мора сама да се грижи за себе додека не се вратиме од работа. И укажувам на сите опасности во станот, да не отвора врата никому. Тоа е, што да се прави, вели Маја Д. Од Скопје.

Проблемот станува уште поголем со тоа што, дел од воспитувачките и учителките вработени во градинките се исто така мајки на деца до 10 години, па сега установите за згрижување деца се соочуваат со недостиг од кадар. Токму затоа, министерката за труд и социјална политика вчера на прес-конференција истакна дека е веќе побарано од општините да вработат соодветен стручен кадар во градинките за да може работата во установите да се одвива непречено.

Истовремено, од ресорното министерство  стигна и појаснување за мерката за ослободување на родители на малолетно дете до 10 години, кои се вработени лица во време на Ковид-19.

-На почеток на корона кризата или поточно 10 март Владата на предлог на Комисијата за заразни болести при МЗ  донесе заклучок со кој, вработените лица кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години или активно четврто одделение ,за кого е неопходна домашна грижа, еден родител да биде ослободен од работа и работни активности и неговото отсуство за време на овој период да биде евидентирано од страна на работодавачот како оправдано отсуство. На 8.7.2020 на 74 седница Владата донесе одлука за изменување и дополнување на одлуката за мерките за спречување на ширење на Ковид -19, односно родителите на деца до 10 години возраст, вклучени во воспитно образовниот процес, кои беа ослободени од работа, да се вратат на работните места, со оглед  дека учебната година е веќе завршена, што значи дека мерката за ослободување на родители од работа сеуште важи за еден од родителите на деца кои биле згрижени во градинка. Ова е во важност до донесувањето на следната владина одлука по препорака на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, се вели во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

За ова прашање, и министерот за здравство, Венко Филипче најави дека во текот на следнава недела прво ќе се разговара во Комисијата за заразни болести според проценката на ризик во сегашната ситуација на епидемијата, по што ќе се донесе одлуката. 

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?