Родителите на починатите се сомневаат во обвинителниот акт, на обвинителот Коцевски му се обратија со повеќе барања
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2025 18:58
Родителите на починатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ од 16.март, денеска на 25. протестен „Марш за ангелите“ од пред Судот во Кочани, од државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски побараа целосно презентирање на сите докази, јавна одговорност за пропустите во обвинителниот акт, проширување на обвинението и кон другите вмешани лица, итно преиспитување на решението за домашен притвор, како и обезбедување еднаков третман за сите осомничени.
- Дали Вие и сите други носители на највисоки функции досега не се запрашавте дека од 16.03.2025 година повеќе немате функција? Вие имате мисија! Мисија дали оваа држава ќе постои или ќе ја снема, рече Мита Тасева, мајка на починатиот диџеј Стефан Цеце Тасев.
Таа и другите родители сметаат дека наместо вистина и целосна одговорност се сведоци на пропусти и прикривања, при што биле принудени сами да го анализираат обвинителниот акт за да укажат на грешките. За нив, поразително е тоа што дел од осомничените се со мерки на претпазливост. Според нив, имало лица кои си ја купиле својата слобода со пари.
-Ова е навреда за правдата и за целиот правен систем. Вашата должност е да обезбедите еднаков третман пред законот, а не да создавате систем во кој богатите и влијателните се неприкосновени, порача родителите на починатите, обраќајќи му се диретно на јавниот обвинител, Љупчо Коцевски.
Протестниот марш, дваесет и петти по ред, започна од „Паркот на Револуцијата“, од каде поворката се упати кон Трговскиот центар, зградата на Управата за јавни приходи и полициската станица. Родителите петнаесетина минути стоеја на кружниот тек кај двојниот мост во Кочани и го блокираа сообраќајот. Оттаму се упатија пред зградата на Основниот суд и Обвинителство.
Маршот заврши каде што и почна, во „Паркот на Револуцијата“.
Фото:МИАМожеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




