РОДОТ НА ЛЕШНИЦИ ВО ТУРЦИЈА Е ПОСЛАБ: Цените за тон двојно се зголемија
Објавено во: Агробизнис 03 Ноември, 2025 15:51
Пазарот на лешници во Турција се соочува со сериозни нарушувања откако Фереро, производителот на Нутела, привремено ги прекина набавките поради драстичен пад на понудата и зголемување на цените предизвикани од лошо време и наезда од штетници, објави „Туркие тудеј“.
Според „Фајненшл тајмс“, мразот и штетниците претходно оваа година значително ја намалија жетвата на лешници во Турција. Земјата, која нормално произведува помеѓу 600.000 и 700.000 тони годишно, што претставува речиси две третини од глобалната понуда, оваа година би можела да има само 500.000 тони или дури и помалку.
Турското Министерство за земјоделство ја проценува жетвата на околу 450.000 тони, но проценките на производителите се значително пониски.
Џајлс Хакинг, основач на лондонскиот добавувач CH Hacking & Sons, изјави дека цената на излупените лешници речиси се диплираше, зголемувајќи се од 9.000 долари на 18.000 долари за тон од јули.
Малите производители во Турција наводно ги складираат своите залихи, отфрлајќи ги ниските понуди на Фереро.
foto freepik.com





