Роковите за изборни дејствија почнуваат да течат од утре
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2016
По денешното распуштање на Собранието, од утре ќе течат роковите за изборните дејствија за предвремените парламентарни избори на 11 декември.
Пратениците со 110 гласа „за“ гласаа за распуштање на Собранието, а ДИК ќе треба да ги организира изборите.
Спикерот Трајко Вељаноски ќе ги распише изборите, а политичките партии кои ќе учествуваат на изборите треба да потпишат кодекс за фер и демократски избори.
Тој утре ќе има средба со претседателот и заменик претседателот на ДИК и ќе го потпише решението за одржувањето на изборите на 11 декември.
Министерството за внатрешни работи утре треба да ги достави во ДИК податоците за граѓаните, а на 27 октомври ДИК мора да го стави на јавен увид избирачкиот список кој ќе трае половина месец.
Предизборната кампања почнува на 21 ноември и ќе трае до 9 декември на полноќ.
Изборите ќе ги следат од ОБСЕ и ОДИХР.