16 Јули, 2024
0.0350

РОМАНИЈА, ГЕРМАНИЈА И БУГАРИЈА СО НАЈГОЛЕМ ПАД - индустриското производство во ЕУ бележи надолна линија

Објавено во: Економија 15 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Индустриското производство во мај годинава, во однос на мај лани, е намалено за 2,5 отсто, а во еврозоната за 2,9 отсто, објави Евростат, статистичката агенција на ЕУ, повикувајќи се на првични проценки.

На месечно ниво, во однос на април, индустриското производство во ЕУ е намалено за 0,8 отсто, а во еврозоната за 0,6 отсто.

Во ЕУ на годишно ниво најголем пад забележа производството на капитални добра – за 6,3 отсто.

Производството на трајни производи за широка потрошувачка падна за 4,1 отсто, а на нетрајни производи за 3,3 отсто.

Производството на интермедијарни производи, односно полупроизводи падна за 3,1 отсто, а единствен раст е забележан производството на енергија за 1,2 отсто.

Најголем годишен пад на индустриското производство е забележан во Романија од високи 6,9 отсто, а веднаш зад нив е Германија со 6,6 проценти пад на индустриското производство. Веднаш зад нив е Бугарија каде падот на индустриското производство е дури 6,3 отсто.

За ралика од нив, сосема спротивно, силен раст на индустриското производство забележаа Данска, Ирска и нашиот сосед Грција. Данците бележат раст на индустриското производство од 9,6 отсто, додека ирците од 8,7 проценти. Соседна Грција има раст на индустриското производство од 6,8 отсто.

Можеби ќе ве интересира

„Најголемо отстапување меѓу утврдениот износ на расходи и одобрените средства има кај Владата“: ревизорите со забелешки за буџетот

„Најголемо отстапување меѓу утврдениот износ на расходи и одобрените средства има кај Владата“: ревизорите со забелешки за буџетот

Мала тајна на големиот бизнисмен! Каде волонтира Горан Ивановски - Ѕинго?

Мала тајна на големиот бизнисмен! Каде волонтира Горан Ивановски - Ѕинго?

ЗОШТО „НАСТЕЛ“ НА БИЗНИСМЕНОТ АЗМАНОВ ПРОДАДЕ ПЕТ АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - сумата е мала, само 10 илјади евра

ЗОШТО „НАСТЕЛ“ НА БИЗНИСМЕНОТ АЗМАНОВ ПРОДАДЕ ПЕТ АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - сумата е мала, само 10 илјади евра

ДИРЕКТОРКАТА НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ЌЕРКА НА ДОНЕ ТАНЕВСКИ, МАРИЈА, ГО ЗАСИЛУВА ПОРТФОЛИОТО - расте цената на акциите на компанијата

ДИРЕКТОРКАТА НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ЌЕРКА НА ДОНЕ ТАНЕВСКИ, МАРИЈА, ГО ЗАСИЛУВА ПОРТФОЛИОТО - расте цената на акциите на компанијата

ПОМАЛКУ САДИМЕ, УШТЕ ПОМАЛКУ ПРОИЗВЕДУВАМЕ – се намалуваат површините под пченица, но и доматите се помалку „раѓаат“

ПОМАЛКУ САДИМЕ, УШТЕ ПОМАЛКУ ПРОИЗВЕДУВАМЕ – се намалуваат површините под пченица, но и доматите се помалку „раѓаат“

ТОПЛИНАТА МОЖЕ ДА ВИ ГО УНИШТИ АВТОМОБИЛОТ: Први на удар се гумите, а најмногу страда овој дел! И тоа не е се

ТОПЛИНАТА МОЖЕ ДА ВИ ГО УНИШТИ АВТОМОБИЛОТ: Први на удар се гумите, а најмногу страда овој дел! И тоа не е се

ОД ПОЛНОЌ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Оваа информација ќе им се допадне на возачите

ОД ПОЛНОЌ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Оваа информација ќе им се допадне на возачите

САКАЛ ДА ПРОШВЕРЦУВА ПОВЕЌЕ ОД 100 СКАПИ ПАРФЕМИ: Царината ги заплени, вредноста им е 240.000 денари

САКАЛ ДА ПРОШВЕРЦУВА ПОВЕЌЕ ОД 100 СКАПИ ПАРФЕМИ: Царината ги заплени, вредноста им е 240.000 денари

КАКО КИНА СТАНА БРОЈ ЕДЕН ВО СВЕТОТ НА ОБНОВЛИВИТЕ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА: Има двојно повеќе соларни и ветерни електрани

КАКО КИНА СТАНА БРОЈ ЕДЕН ВО СВЕТОТ НА ОБНОВЛИВИТЕ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА: Има двојно повеќе соларни и ветерни електрани