18 Декември, 2025
0.0580

Романо Проди повторно во Македонија, овој пат по награда

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2019 12:28

Добивај вести на Viber

Романо Проди, поранешниот претседател на Европската комисија, денеска и утре повторно ќе престојува во Македонија по повод врачувањето на Светската награда за хуманизам за 2019 година, што му ја додели Охридската академија на хуманизмот.

Проди беше особено популарен во Македонија по конфликтот во 2001, a во негово време Македонија го потпиа договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ,. кој беше ратификуван дури три години подоцна, односно во 2004-та. Во 2005-та Македонија доби статус на кандидат за член на ЕУ и тоа беше последен акт на напредок на евроинтеграциите на Македонија. Од тогаш земјата се уште чека Датум за преговори со ЕУ.

Интересно е тоа што при последната посета на Проди во Македонија во 2003-та поранешниот италијански премиер не побара промена на уставното име како услов за членство во ЕУ.

- Ќе треба да се фокусираме на приоритетите кои треба да се стават во центарот на македонските напори, и тоа: законодавните правила, правата на малцинствата, борбата против организираниот криминал, реконструкција на судскиот систем и создавање на ефикасна јавна администрација - гласеа тогашните услови наведени во неговата изјава во Скопје.

Проди објави дека ЕУ ќе инсистира на решавањето на проблемите од политичка природа во земјата, и покрај фактот што тие треба да бидат во сенка на економските. На крајот на неговата посета на Скопје му беше доделена титулата Почесен професор на Економскиот факултет во Скопје.

Како млад авантурист ја посетил Македонија и во 1967 година, кога со својот Фиат 600 возел низ Македонија и стигнал до Тетово.

Проди денеска во Скопје ќе има средба со претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери, а утре во Охрид во Куќата на Уранија на МАНУ, свечено ќе му биде врачена Светската награда за хуманизам.

Романи Проди е тринаесетти добитник на ова признание со кое Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги награди нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел де Оливеира.



Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија