АмЧам претставува - Практики на иднината
РОШ МАКЕДОНИЈА: Негување на одржливо донесување на одлуки преку корпоративно управување
Објавено во: Македонија 28 Декември, 2023
Интервју со Александра Ивановска, Генерален директор на Рош за Северна Македонија и Косово
Во „Рош“, амбициите не се само во трансформацијата на здравствената заштита, туку и во нивниот придонес за заштита на животната средина, одржливост на синџирот на снабдување, социјалната посветеност и филантропијата. Нивните принципи на корпоративно управување се фокусираат на одржливо создавање на вредности и пропишуваат култура која ги препознава стандардите за добро корпоративно управување, како и политика на транспарентна комуникација. Структурата на управување опфаќа децентрализиран модел, поттикнувајќи ги вработените да интегрираат одржливост во своите улоги. Повеќеслојниот пристап на „Рош“ ги поврзува етичкото управување, транспарентното известување и посветеноста на иновациите, отелотворувајќи ја главната цел на компанијата за подобрување на животот и унапредување на медицинското знаење на глобално ниво.
1. Може ли да дадете краток преглед на стратегијата за ESG на Рош и како таа се усогласува со долгорочната визија и посветеноста на компанијата кон одржливи деловни практики? Што значи ESG за вас и како функционира вашата стратегија за ESG во пракса?
Наша цел е да го направиме „сега“ она што на пациентите им е потребно во иднина. Ако сакаме да успееме, ваквите потреби (во секојдневниот живот) мора да ги препознаеме и задоволиме на одржлив начин. Токму затоа одржливоста е вградена во нашата деловна стратегија и е дел од сечија работа во „Рош“. Имаме холистички пристап, кој ги интегрира трите димензии на одржливост:
● Општество: како придонесуваме кон подобра иднина за сите
● Животна средина: како го минимизираме нашето влијание врз природата
● Економија: како инвестираме во медицинскиот напредок, како создаваме работни места и како обезбедуваме средства за живот
Ние во „Рош Македонија“ се фокусираме на спроведување на иницијативи за одржливост за да го намалиме нашиот јаглероден отпечаток, да ги подобриме работните услови за вработените и да им дадеме приоритет на различноста и на инклузијата во практиките за вработување и за унапредување.
Веруваме дека иновативните решенија се од суштинско значење за постигнување на нашите цели за одржливост и се стремиме да создадеме работна средина која поттикнува креативност и соработка меѓу локалните и глобалните функции. Всушност, иновацијата бара средина на соработка и взаемна доверба каде што знаеме дека безбедно ќе ги пренесеме сите наши знаења и идеи на работното место, ќе бараме нови предизвици, ќе размислуваме поинаку и ќе го изразиме нашето мислење. Создавањето на ваква средина е одговорност која сите ја сносиме и која од нас бара да работиме рамо до рамо како застапници и сојузници.
Во „Рош“ сме посветени на создавање долгорочна вредност за луѓето преку обезбедување на висококвалитетни здравствени производи и услуги коишто го подобруваат животот. Негуваме социјално управување и се стремиме да работиме на одговорен и одржлив начин којшто позитивно влијае на светот околу нас. Нашите практики за набавка гарантираат дека нашите производи се направени на одговорен и еколошки начин. Ги почитуваме и поддржуваме човековите права на секоја личност до која допираме и гарантираме дека тие се цврсто вградени во секој аспект од нашиот бизнис.
Со поттикнување на социјалното управување, не само што обезбедуваме висококвалитетни работни места и придонесуваме за економскиот развој, туку и ги слушаме и се вклучуваме во заедниците во кои работиме. Затоа, нашиот напор да создадеме одржлива социјална вредност се протега подалеку од само здравствената заштита. Посветени сме на тоа да оставиме траен белег преку градењето на посилни и поздрави заедници.
2. Како ја следите и мерите имплементацијата на деловите на ESG и ги составувате извештаите? Кои практики, политики, придобивки, заштита и активности ги користите за да обезбедите позитивни и правични односи и практики со вработените во однос на нивната безбедност и превенција?
Нашите извештаи се изработени во согласност со Иницијативата за глобално известување (ГРИ), како и Глобалниот договор на Обединетите нации иУпатствата за известување од иницијативата
„Одговорна грижа“ на Европскиот совет за хемиска индустрија.
Го следиме нашиот учинок според клучните финансиски и нефинансиски показатели коишто се групирани во нашите главни области на ангажман: општествено, еколошко и економско влијание. Нашата шема за бонуси на персоналот е поврзана со нашите перформанси за одржливост. Нашиот Годишен извештај го содржи и нашиот нефинансиски перформанс. „Рош“ е рангирана како една од првите три најодржливи здравствени компании во индексите на одржливост на „Дау Џонс“ (Dow Jones Sustainability Indices) веќе 14 години и е на десетто место во Индексот за пристап до медицина 2022 (Access to Medicine 2022 Index) година, што ги одразува напорите за проширување на здравствената заштита во земјите со низок до среден приход.
Посветени сме на промовирање на меѓусебното почитување, доверба и интегритет. Веруваме дека секој вработен има право на фер, учтив и достоинствен третман за време на процесот на вработување, додека е вработен и на крајот од вработувањето. „Рош“ презема соодветни мерки за да обезбеди заштита на правата на вработените во компанијата.
На пример, имаме назначен службеник за БЗЖС (Безбедност, здравје и животна средина), којшто се грижи за сите главни столбови поврзани со здравјето и благосостојбата на нашите вработени. Ова вклучува годишно ажурирање на Планот за пандемија на Канцеларијата, кој гарантира дека доколку дојде до друга пандемија, можеме да ги поддржиме сите наши вработени и нивните најблиски со заштитна опрема, дијагностички/брзи тестови и антивирусни средства.
Понатаму, при изборот на канцеларија, имаме многу високи стандарди во согласност со регулативите на Швајцарија/ЕУ (HVAC систем, светлина, квалитет на воздух, безбедност на влезот итн.). Воедно, се осигуруваме дека сите ги разбираат ризиците и им се обезбедуваат соодветни упатства, обука и соодветна заштитна опрема. Се консултираме со нашите вработени и ги охрабруваме да нé известат за какви било грижи за безбедноста, за благосостојбата или за здравјето.
Понатаму, „Рош“ сериозно ја сфаќа задачата во врска со однесувањето на деловните партнери и нивното усогласување со важечките закони, регулативи, индустриски кодови и договорни услови, како и со општоприфатените стандарди за одржливост, како што се: заштитата на човековите права, безбедноста и животната средина, забраната за принудна работа или детски труд, како и антикорупцијата. Очекувањата на компанијата се дека деловните партнери ќе ја почитуваат доверливоста на податоците, информациите и особено трговските тајни на „Рош“ и ќе преземаат соодветни мерки за одржување на доверливоста и заштита од откривање и злоупотреба.
Работните услови за партнерите и соработниците долж синџирот на снабдување се важен аспект на ESG. Компаниите може да имплементираат политики и практики за промовирање на безбедни и фер работни услови за сите работници, вклучително и оние во синџирот на снабдување. За да управуваме со односите со локалната заедница, се вклучуваме во програми и иницијативи за информирање на заедницата коишто промовираат општествено добро. Ова може да вклучува поддршка на локални бизниси, донирање на локални добротворни организации и учество во проекти за развој на заедницата.
Ефективното управување на односите со партнерите во синџирот на снабдување и со локалните заедници бара постојано вклучување и комуникација. Спроведуваме редовни проценки за да ги идентификуваме ризиците и можностите поврзани со нивното работење и синџирот на снабдување и работиме на решавање на какви било идентификувани проблеми. Со давањето на приоритет на социјалната и еколошката одговорност во нивните операции и односи со засегнатите страни, можеме да изградиме доверба и да создадеме долгорочна вредност за сите вклучени засегнати страни.
3. Како корпоративното управување е интегрирано во севкупната стратегија за ESG на „Рош“ и како оваа интеграција влијае врз донесувањето одлуки во различни деловни области? Дали би можеле да дадете преглед на структурата на управување на „Рош“ и како таа ги олеснува координацијата и спроведувањето на иницијативите за одржливост низ компанијата?
За да ги достигнеме нашите еколошки, социјални и управувачки цели, потребно ни е сеопфатно ангажирање на засегнатите страни. Не постои посебен оддел којшто е одговорен за управување со одржливоста, но сите вработени се охрабруваат да ја имплементираат одржливоста во својата работа.
Бидејќи одржливоста е имплентирана во нашата деловна стратегија, силната посветеност од сите деловни области и високото раководство се рефлектира во нашата структура на управување со одржливост:
- Комитетот за корпоративно управување и одржливост на Одборот на директори (ОД) е задолжен и одговорен за управувањето со одржливоста на ниво на Одборот на директори. Ги надгледува и дава совети за стратегиите за одржливост.
- Корпоративниот извршен комитет (КИК) е задолжен и одговорен за целокупната стратегија на „Рош“. Ја делегира одговорноста за воспоставување, управување и координирање на имплементацијата на стратегијата за одржливост на Управниот комитет за корпоративна одржливост и ги именува неговите членови.
- Управниот комитет за корпоративна одржливост ја поставува стратегијата за одржливост и ја следи нејзината имплементација.
- Одборот за операции за корпоративна одржливост е одговорен за спроведување и унапредување на нашата агенда за одржливост и известување за целите и напредокот кон овие цели низ сите релевантни глобални и придружни функции коишто ја сочинуваат нашата глобална мрежа за одржливост.
- Глобалната мрежа за одржливост придонесува за агендата за одржливост и обезбедува цели во меѓуфункционални и меѓусебни работни групи.
Во последниве години, „Рош“ претрпе голема внатрешна трансформација, преминувајќи од традиционална организација заснована на хиерархија и одлучување кон порамна организација со децентрализиран модел. Ова значи дека секој вработен се охрабрува да презема иницијатива и да донесува одлуки, како и да преземе одговорност. Во овој нов модел, одржливоста се имплементира локално, одговарајќи на локалните потреби и исполнувајќи ги локалните очекувања, а е одговорност на локалните менаџерски тимови. Одржливоста е дел од работата на сите во „Рош“.
Нашиот пристап кон одржливост е вклучен во внатрешните правила и процедури. Како една од најголемите светски здравствени компании, „Рош“ многу сериозно ја сфаќа својата обврска да ги исполни највисоките стандарди за деловна етика и интегритет. Исполнувањето на овие стандарди е одговорност на секој вработен. Нашите стандарди за деловен интегритет се наведени во нашиот Кодекс на однесување, кој ги вклучува Корпоративните принципи. За понатамошно промовирање и поддршка на заедничкото разбирање, „Рош“ има имплементирано бројни политики, директиви, изјави за позиции и упатства коишто се применуваат низ Групацијата.
На пример, од сите вработени кои работат со владини функционери се очекува да постапуваат на законски и транспарентен начин, усогласувајќи се со сите важечки закони и прописи, како и со стандардите утврдени во нашите Упатства за добри практики за работа со владини службеници. Овие насоки артикулираат сеопфатна рамка која ги опишува основните принципи за поттикнување на проактивен, искрен, транспарентен, одговорен и одржлив дијалог и ангажман помеѓу владините службеници и приватниот сектор. Препознавајќи дека заемното дејствување на јавниот сектор и на корпоративниот сектор е важно за унапредувањето на регулаторната рамка, принципите го нагласуваат етичкото однесување, транспарентноста и почитувањето на независноста. Забранувајќи го поткупот и несоодветното влијание, насоките нагласуваат точно претставување, соодветно известување за придонесите и условно прифаќање на симболични подароци во согласност со законите и локалните обичаи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.