Розов дијамант продаден за 28,8 милиони долари
Објавено во: Свет, Стил 09 Ноември, 2022 12:13
Најголемиот розов дијамант во облик на круша некогаш ставен на аукција беше продаден за 28,4 милиони швајцарски франци (околу 28,8 милиони долари) на аукциската куќа Кристи.
Вредноста на розовиот дијамант Fortune од 18,18 карати беше проценета на 25 до 35 милиони долари пред денешната аукција, пренесува Reuters.
Најголемиот розов дијамант продаден на Кристи до оваа аукција беше Winston Pink Legacy од 18,96 карати, за кој купувачот плати 50,4 милиони долари во 2018 година, што е светски рекорд за цена по карат за розов дијамант.
Во извештајот на АП се наведува дека дијамантот „Fortune pink“ бил пронајден во рудник во Бразил пред 15 години и е опишан како вистинско чудо на природата, со информација дека првиот розов дијамант бил откриен во Индија во 16 век.
Дијамантот е поставен во прстен на кој од страните има и бели дијамантикои тежат 18,18 карати, фигура која се смета за среќна во Азија и значи „сигурен просперитет“, според Кристи.
Аукцијата траела само четири минути, а купувачот сакал да остане анонимен. Дијамантот беше изложен во Женева, потоа во Њујорк, Шангај, Тајван и Сингапур, а во октомври беше вратен во Швајцарија.
Розовите дијаманти се многу ретки и затоа се најбарани на меѓународниот пазар. Светскиот рекорд за розов дијамант е постигнат во 2017 година со продажбата на дијамантот „CTF Pink Star“ во Хонг Конг за 71,2 милиони долари или 78,8 милиони евра. Fortune Pink беше продаден како дел од Неделата на луксузот Кристи во Женева.
Фото: Принтскрин/Твитер
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД
БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!
РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република
OВА Е НАЈПРЕНАТРУПАНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: На секој жител има по 3 туристи
(ВИДЕО) Неколку лица го нападнале и жив го запалиле синот на украински политичар во Виена





