Рубио тврди дека Русија и Украина не попуштаат, треба да направат отстапки, но и нешто да добијат
Објавено во: Свет 19 Август, 2025 17:37
За да се постигне мировен договор, и двете страни, односно и Русија и Украина треба да направат отстапки, но и да очекуваат нешто да добијат, што е многу тешко да се постигне, изјави државниот секретар на САД, Марко Рубио во интервју за „Фејс д нејшн“ на Си-Би-Ес.
Рубио потенцира дека меѓу двете страни има големи разлики за крупните прашања и во моментов ниту Русија, ниту Украина не се подготвени да попуштат.
Тој смета дека концентрацијата треба да биде на работите кои биле дискутирани на Самитот во Алјаска, меѓу рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на САД Доналд Трамп, а кои се потенцијал за пробиви, за напредок.
Треба да се најдат области каде што има напредок во разговорите, вели државниот секреар на САД, и да се направи обид за намалување на јазот меѓу двете страни.
„Не е лесно, но тоа е нешто што претседателот го направи како приоритет. Мирот. И тој заслужува голема пофалба за тоа“, заклучува Рубио.
Тој ги отфрли конструкциите дека европските лидери дојдоа во Вашингтон за да спречат американскиот претседател Доналд Трамп да го малтретира украинскиот колега Володимир Зеленски и да го натера да потпише нешто против својата волја. Рубио рече дека со европските лидери работат на прашањето за безбедносни гаранции за Украина.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
фото принтскринМожеби ќе ве интересира
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




