18 Декември, 2025
0.0692

Ручек со Бафет? За ситни пари…

Објавено во: Свет 03 Јуни, 2014 07:52

Добивај вести на Viber

Милијардерот Ворен Бафет и оваа година организира добротворна аукција на која нуди ручек со него. Ова е само еден од начините на кои милијардерот со години наназад собира средства за добротворни цели. Аукцијата за ручекот со Ворен Бафет е објавена на eBay и секој корисник може да лицитира за сумата која би ја издвоил за ручек со познатиот милијардер. Се очекува сумата да достигне милионски износ. Почетната цена, кога огласот беше објавен, во понделеникот утрото изнесуваше само 25.000 долари, а границата од 100.000 беше пробиена за само еден час. Пред самиот крај на денот, понудата на eBay достигна сума од неверојатни 350 илјади американски долари. Бафет оваа акција ја организира веќе долги години по ред. Својот апсолутен рекорд, како понудена сума за ручек со него е поставен во 2012 година. Токму тогаш ручекот со Бафет беше платен 3,5 милиони долари, а минатата година победникот на аукцијата во добротворни цели уплати нешто повеќе од милион долари. Овогодинешната аукција, е петнаесета по ред и е наменета за фондацијата GLIDE од Сан Франциско, зад која стои методистичката црква. Огласот на eBay ќе биде поставен до крајот на неделата, односно до петок, а ручекот со познатиот милијардер ќе биде, според традицијата во познатиот ресторант во Њујорк “Smith and Wollenski” Победникот на аукцијата, на ручекот, со себе смее да понесе седум пријатели кои ќе имаат чест да седат на иста маса со Ворен Бафет. К.К.  

Можеби ќе ве интересира

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел