17 Декември, 2025
0.0532

Рудникот Стогово издаден под концесија на Скопски легури Мајнинг

Објавено во: Економија 18 Јуни, 2013 14:48

Добивај вести на Viber

Во Министерството за економија денеска Скопски легури Мајнинг - Скопје потпиша договор за концесија за експлоатација на манган од локалитетот Стогово во Кичевско.

Висината на понудата од инвеститорот што е доставена до министерството изнесува 26,1 милион денари.

Министерот за економија Ваљон Сарачини изрази задоволство и посочи дека оваа инвестиција значи и нови вработувања што ќе биде од огромно значење за локалното население во западна Македонија и тамошниот економски развој. „Со доделувањето на концесијата за рудникот Стогово кој влегува во нова оперативна фаза најголем бенефит ќе имаат локалното население и општините. Од уплатата на концесиските надоместоци од страна на корисникот,  78 отсто од износот ќе бидат приход за општините, додека 22 проценти за Буџетот на државата“, изјави Сарачини. Претставникот на Скопски легури, посочи дека како инвеститори за нив е многу значајно што се дел од програмата на Министерството за економија и Владата на Македонија која планира да спроведе преку измена во законот за минерални суровини со што суровините од Македонија ќе се преработуваат во државата до финалниот производ со понатамошно пласирање на домашниот и странскиот пазар. На локалитетот Стогово утврдени се околу 15 милиони тони рудни резерви со просечна содржина на манган од 24,4 проценти. Во 2012 година во буџетот се слеале 76,7 милиони денари од 96 договори задетални геолошки истражувања. За шест месеци  оваа година  се потпишани 60 договори од кој најголемиот дел во општините Липково, Дебар, Струга и Прилеп од кој во државната каса треба да  влезат 42,23 милиони денари, пренесе канал 5.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје