Русија е подготвена да го слушне предлогот на Трамп за ставање крај на војната
Објавено во: Свет 09 Ноември, 2024
Русија е подготвена да го слушне предлогот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната во Украина, изјави руски дипломат.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека Москва и Вашингтон разменуваат сигнали за Украина преку „затворени канали“.
Русија е подготвена да ги слушне предлозите на Трамп за Украина, под услов тие да се „идеи како да се продолжи напред во договорот, а не во областа на натамошна помош на режимот во Киев“, рече Рјабков денеска во интервју за Руската државна новинска агенција Интерфакс.
Како што пренесува Бета, се чини дека Русија подготвува нова кампања воздушни напади, а украинските власти бараат помош од Западот за да се одбранат.
Сепак, постојат сомнежи за тоа што може да очекува Киев од новата американска администрација.
Трамп постојано ја оспоруваше американската помош за Украина, даваше нејасни ветувања дека ќе стави крај на војната и го пофали рускиот претседател Владимир Путин.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, ја увери Украина во европската поддршка.
- Поддршката на ЕУ за Украина беше мој личен приоритет за време на мојот мандат и ќе остане на врвот на агендата на ЕУ, напиша Борел на Х.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.