Русија и Кина склучија договори за милијарди долари
Објавено во: Свет 08 Мај, 2015 20:52
Кина е нашиот стратешки и клучен партнер, изјави во Москва рускиот претседател Владимир Путин.
Путин и кинескиот претседател Си Цзинпин потпишаа повеќе договори во руската престолнина, вклучувајќи инфраструктурни заеми во вредност од милијарди долари за Русија, соопштија американските медиуми.
Си Цзинпин е во посета на Москва по повод 70-годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна. Тој е меѓу 30-те странски високи личности, кои присуствуваат на прославата во руската престолнина, но парадата на "Црвениот плоштад" беше игнориранa од западните лидери во знак на неодобрување на улогата на Москва во украинската криза.
Путин и Си Цзинпин присуствуваа на потпишувањето на 32 договори, вклучително и на заем во висина од 300 милијарди рубљи (6 милијарди долари) за изградба на високо-брзински железнички автопат.
Кинескиот претседател покани go рускиот колега да присуствува на 3 септември на прославата по повод 70-годишнината од победата над јапонскиот милитаризам и крајот на Втората светска војна. Путин ја прифати, истакнувајќи дека двете страни се повредени најмногу во војната.
Двајцата претседатели го поздравија подобрувањеto на односите меѓу двете земји по разговорите во Кремљ и церемонијата на потпишување на договорите.
Според зборовите на кинескиот претседател разговорите покажаа дека Пекинг и Москва имаат идентични ставови по многу светски проблеми.
Русија и Кина потпишаа договор во вредност од 25 милијарди долари за кинеско кредитирање на руски компании. Русија и Кина се согласија да создадат инвестициски фонд во вредност од 2 милијарди долари, наменет за проекти од земјоделскиот сектор во двете земји.
Покрај тоа, двете страни планираат да воспостават зона за слободна трговија меѓу нивните клучни земјоделски региони.
Шефот на рускиот гигант Газпром Алексеј Милер и потпретседателот на Кинеската национална нафтена корпорација (CNPC) Ван Дунзин потпишаа договор за основните услови за испорака на гас од Русија кон Кина во "западниот пат", информира ТАСС.
Планираниот обем на снабдување е до 30 милијарди кубни метри, забележуваат агенциите.
Путин и Си Цзинпин потпишаа заедничка изјава за соработка при изградбата на Евроазиската економска унија и економскиот појас "Патот на свилата", соопшти ТАСС. Документот е утврден од двајцата лидери по завршувањето на билатералните преговори во Кремљ.
Како што соопшти денеска портпаролот на претседателската администрација во Москва Дмитриј Песков токму врз основа на овој документ ќе се градат многу проекти, на пример изградбата на Широкопојасен железнички автопат Москва-Казан.
Измените предвидуваат ако руска банка пример зела кредит од кинеска банка во Русија, данок на каматата да биде за Кина.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




