Русија и се закани на Данска со нуклеарни напади
Објавено во: Свет 22 Март, 2015 19:33
Русија се закани дека ќе употреби борбени бродови на Данска со нуклеарно оружје, ако Нордиската држава се приклучи кон противракетниот штит на НАТО.
Рускиот амбасадор во земјата, изјавил дека ако Копенхаген преземе чекори за подобра интеграција со Алијансата, тоа ќе се смета како „закана за Русија“ и тогаш Данска ќе мора да ги издржи последиците.
„Не мислам дека Данците ќе ги разберат последиците, ако Данска се приклучи на организираниот американски противракетен штит. Ако тоа се случи, данските бродови ќе станат цели на руските нуклеарни проектили“, изјавил Михаил Ванин за весникот „Jyllands-Posten“.
Според „Copenhagen Post“ Ванин додал дека додека таквиот потег биде „лична одлука на Данска“, „односите со Русија ќе настрадаат“ и Копенхаген ќе „загуби пари и во областа на безбедноста“.
Данскиот министер за надворешни работи Мартин Лидегард ги осуди искажаните од рускиот дипломат закани и остро реагираше.
„Ова дефинитивно е неприфатливо. Русија знае многу добро дека противракетниот систем на НАТО е со одбранбен карактер. Ние не се согласуваме со Русија за многу важни прашања, но важно е тонот меѓу нас да остане што е можно позитивен“, одговори Лидегард на коментарот на Ванин.
Можеби ќе ве интересира
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?




