Добивај вести на Viber
На работна средба во Анкара шефот на "Газпром" Алексеј Милер и турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз го определиле патот на новиот проект "Турски поток" по дното на Црното Море, објавија рускиот гасен гигант.
На средбата беа разгледани првичните резултати од техничко-економските пресметки на гасоводот. На нивна база е донесена и одлука за маршрутата, кој делумно (660 километри) ќе ја повтори трасата на "Јужен поток", а новата насока кон европскиот дел на Турција ќе биде со должина од околу 250 километри.
Претстои објаснување на трасата на гасоводот на турската територија и точката за премин на турско-грчката граница, прецизира по разговорите Алексеј Милер.
Очекувањата се Меѓувладината спогодба за реализација на "Турски поток" да биде потпишана во вториот квартал од оваа година. Првите количества гас по гасоводот ќе потечат во декември 2016 година.
Претстои допрва избор на изведувач на проектот. Стратешки партнер на "Газпром" ќе биде турската компанија за гас Botas, посочуваат уште од руската компанија.
"Турски поток" ќе биде со капацитет од 63 милијарди кубни метри природен гас. Овие количини ќе бидат извршени преку четири одделни цевки по дното на Црното Море, територијата на Турција и до гасен центар околу границата со Грција.
Првата изградена цевка ќе биде со капацитет од 15,7 милијарди метри кубни и ќе биде целосно за потребите на турскиот пазар.
Во оваа фаза нема официјално соопштение кон земјите дел од "Јужен поток", за запирање на проектот. Русија сепак откупи акции во South Stream Transport - компанијата која требаше да го изгради морскиот дел од гасоводот. Пред неколку дена, Алексеј Милер го извести европскиот комесар за Енергетска унија Марони Шефчович дека "Гаспром" планира целосно до го запре транзитот на природен гас за Европа преку Украина.
Од руската државна компанија за гас посочуваат дека Турција е нивниот втор по големина пазар по Германија. Во 2014 година кон Турција се извезени вкупно 27,4 милијарди метри кубни природен гас.
К.К.