Русија има земја сојузник за производство на вакцината Спутник
Објавено во: Свет, Корона Вирус 31 Јануари, 2021
Русија веќе има држава сојузник за производство на вакцината Спутник. Русија и Иран заедно ќе ја произведуваат вакцината.
Иранскиот амбасадор во Русија, Казем Џалали вчера потврди дека Москва и Техеран потпишале договор за купување и заедничко производство на руската вакцина против коронавирусот Спутник V.
„Договорот за откуп и заедничко производство на Иран и Русија беше потпишан вчера, а според договорот постигнат со шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, првата серија вакцини ќе биде испратена во Иран до 7 февруари“, изјави Џалали за агенцијата ИРНА.
Првата серија на вакцината ќе пристигне во Иран до 7 февруари. Амбасадорот најави дека делегација од иранското Министерство за здравство ќе пристигне во Москва во следните десет дена за да разговара за производството на руската вакцина во Иран. Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф претходно изјави дека иранските власти ја одобриле вакцината Спутник V. Повеќе од 50 земји ќе го вакцинираат своето население со оваа вакцина. Русија е првата земја која регистрираше вакцина против коронавирусот и тоа во август лани.
Во светот се регистрирани повеќе од 101 милион случаи на Ковид - 19. Русија во светот е 4-та, а Иран е 16-ти по бројот на заразени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.