05 Декември, 2025
0.3551

Русија нуди олеснувања за извоз на македонското месо

Објавено во: Агробизнис 10 Октомври, 2012 12:26

Добивај вести на Viber

Рускиот министер за земјоделство Николај Фјодоров, понуди повластени царински стапки за извоз на македонското месо на рускиот пазар. Тој на средбата во Москва, со македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанско, Љупчо Димовски, порача дека веднаш по усогласувањето на процедурите и документите во нивната Царинска управа, ќе следат и царинските олеснувања за македонското месо. -Размената на земјоделски производи со Република Македонија е зголемена неколкукратно. Се повеќе увезуваме производи од Македонија. Со ниту една земја не сме имале такво интензивирање на соработката како со вашата земја. Нашите потрошувачи веќе ги препознаваат македонските производи, кои се конкурентни и имаат препознатлив квалитет. Има големи перспектива за пласман на овошје и зеленчук на рускиот пазар, изјави министерот Фјодоров. Министерот Димовски, уште еднаш ја реафирмираше потребата од либерализација на трговскиот режим со Руската Федерација и позитивно го оцени предлогот за повластен третман при увозот на опредени производи од Република Македонија, како јагнешкото месо. На средбата двете држави потпишаа Меморандум за зајакнување на соработката во областа на земјоделството, со кој е предвидено да се поттикне развојот на научно-техничката соработка во областа на земјоделството, размена на информации и искуства од областа на семенарството, понатаму ќе се развие соработка во областа на заштитата на растенијата, лозарството, органското земјоделско производство, контрола на безбедноста и квалитетот на производството на земјоделските производи и друго.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?