17 Мај, 2024
0.0258

Русија очекува од ЕУ да донесе одлука со здрав разум

Објавено во: Свет 10 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Руската федерација очекува од Европската унија да донесе одлука со здрав разум, бидејќи нормализирањето на билатералните односи и одговараат на интересите на Русија, како и на ЕУ, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесуваат агенциите.

Во почетокот на разговорите во Москва со својот шпански колега, Хозе Мануел Гарсија Маргаљо, Лавров ја поздрави „измерената позиција на Шпанија, во едно тешко време, за откажување од бескрајната санкциона инерција“. Тој изрази уверување „дека конечно здравиот разум ќе надвладее, бидејќи нормализирање на соработката и одговара на интересите на народите на Русија и ЕУ“.

Во исто време Лавров истакнал по средбата со Маргаљо дека „зајакнувањето на воената активност кај руските граници не помага за враќање на довербата во Еврозоната“. „Убедени сме дека проблемите треба да се решаваат преку рамноправен и заеднички дијалог“, истакнал тој.

Рускиот министер за надворешни работи повика на исполнување без исклучоци на договорите од Минск за решавање на конфликтот во Украина. Тој ги обвини украинските власти во Киев дека не го почитуваат договореното, и иронично ги повика САД и ЕУ да им наметнат санкции.

Лавров и Маргаљо се согласија дека нема воен излез од украинската криза и дека е потребен политички дијалог. По повод западните критики во врска со Украина, рускиот министер за надворешни работи увери дека неговата земја не била обврзана од Будимпештскиот меморандум да ги прифаќа активностите на украинските радикали, кои, според него, се поткопани во суверенитетот на оваа држава. Лавров освен тоа повика Западот да обрне внимание на бомбардирањето во поранешна Југославија, едностраното прогласување независност на Косово без било каков референдум, нападот врз Ирак под измислен изговор и злоупотребата на мандатот на Советот за безбедност на ОН за Либија, а не само на руската агресијаа над Крим.

„Очигледно односите меѓу РФ и ЕУ не доживуваат најдобри момент“, призна шпанскиот министер за надворешни работи и го забележа спорот по повод Украина. Тој ги повика да бидат земени предвид интересите на Русија, што се однесува до договорот за асоцијација на поранешната советска република со Европската унија.

Обновата на Украина без учество на Руската Федерација е невозможно, истакна Маргаљо, пренесуваат агенциите. Тој забележал дека договорите од белоруската престолнина се почитуваат, и заклучи дека нема основа за проширување на санкциите против Русија.

Шпанскиот министер за надворешни работи призна дека економијата на неговата земја, особено земјоделскиот сектор, претрпува сериозни штети од антируски санкции.

Посетата на шпанскиот министер за надворешни работи во Москва е реткост на западните државници по почетокот на украинската криза. Во последната година односите меѓу Русија и Западот се во најниската точка по крајот на Студената војна.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра