РУСИЈА ПОТВРДИ: Украинците контролираат 28 села во Курск
Објавено во: Свет 12 Август, 2024 17:30
Русија потврди дека Украинците контролираат 28 села во Курск.
Рускиот лидер Владимир Путин вели дека руската војска ќе ги исфрли украинските војници од руската територија. Според Путин, главната мотивација на Украина за оваа офанзива е да ја подобри својата преговарачка позиција со помош на западните господари. Илјадници украински војници упаднаа во рускиот регион Курск минатиот вторник. Тамошниот гувернер Алексеј Смирнов изјави дека тие сега контролираат 28 села.
„Тие се навлезени 12 километри во регионот, а линијата на фронтот е широка 40 километри“, изјави Смирнов.
Вели дека околу 2.000 цивили се останати во областите кои Украинците ги окупираа.
Тој кажа дека досега се евакуирани 121.000 луѓе, а уште 59.000 можеби ќе мора да си заминат од своите домови. Објасни дека досега загинале најмалку 12 цивили.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




