Русија се буни - Полска му забрани влез на Лавров
Објавено во: Свет 19 Ноември, 2022
Полска му забрани влез на рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, а Русија е гневна. За Москва ова е преседан. Велат дека со ова Полска се дискредитира себеси.
Русија ја осуди и ја оцени како провокативна одлуката на официјална Варшава, која одби да го пушти Лавров да влезе на нејзина територија каде требаше да учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на ОБСЕ.
Состанокот на 57 министри за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка на Европа ќе се одржи на 1 и 2 декември во Лоѓ, град во централна Полска. Руската делегација ќе ја предводи рускиот амбасадор во ОБСЕ Александар Лукашевич, соопшти Москва. Русија е под санкции поради војната во Украина која почна на 24 февруари.
foto EPA-EFE