Русија се откажа од договорот со Франција за бродовите „Мистрал“
Објавено во: Свет 26 Мај, 2015 21:51
Русија денеска изјави дека се откажува од нарачаните хеликоптероносачи „Мистрал“ од Франција во вредност од 1,2 милијарди евра и наместо тоа ќе изгради свои воени бродови.
„Русија нема да ги земе бродовите. Тоа е завршена работа“, изјавил заменик-претседателот на воено-индустриската комисија Олег Бочкарков. Според него во моментов се разгледува исклучиво прашањето за надоместокот.
„Сега има само една дискусија - за монетарната сума која треба да и биде вратена на Русија“, изјави тој. Според него Русија планира да изгради свои слични бродови, не копии на Мистрал.
Во 2011 година Русија и нарачала на Франција два хеликоптероносачи. Првиот мораше да биде доставен во есента 2014 година, но Франција одби да го исполни договорот поради ситуацијата во Украина.
Испораката на вториот брод, која се планираше во 2015 година, исто така беше замрзната.
Бочкарков изјавил дека наскоро во Русија ќе пристигне претставник на Франција за да го разгледаат прашањето за надоместокот.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




