Русија се заканува дека ќе го запре пристапот до Гугл, Фејсбук и Твитер
Објавено во: Свет 22 Мај, 2015 20:02
Рускиот медиумски регулатор испратил официјални писма до „Гугл“, „Твитер“ и „Фејсбук“ во врска со нарушувањата на инетернет законите на Русија, а портпаролот на „Роскомнадзор“ изјавил дека, ако не се усогласат со одредбите, трите платформи може да бидат блокирани.
Рускиот орган за медиумски надзор соопштил дека оваа недела испратил писма до трите компании со седиште во САД, во кои се инсистира тие да се усогласат со интернет законите на Русија, опишувани од критичарите на претседателот Владимир Путин како цензура.
„Во нашите писма ние редовно пишуваме за последиците од прекршување на законите“, изјавил портпаролот на „Роскомнадзор“ Вадим Ампелонски.
Тој додал дека поради кодирањето на технологија која се користи од трите фирми, Русија нема како да блокира одредени сајтови и може да отстранува содржини кои го прекршуваат законот, единствено да ги блокира целосно нивните услуги.
За да се усогласат со законот, трите компании треба да им обезбедат податоци за руски блогери со над 3.000 читатели дневно и да ги отстранат сајтовите кои според „Роскомнадзор“ содржат апели за „неовластени протести или немири“, посочил Ампелонски.
Путин, кој е поранешен шпион на КГБ, еднаш го опиша Интернетот како проект на ЦИА, нагласувајќи длабока недоверба меѓу Москва и Вашингтон, чии врски се веќе силно затегнати.
Тој вети на крајот на минатата година да нема да посетува Интернет под целосна контрола на владата, но Кремљ гледаат на новите закони како дел од строгите мерки против слободата на говорот.
Законот усвоен минатата година им го дава на руските обвинители правото да блокира веб-сајтови со информации за протестите, кои не биле санкционирани од страна на властите, без судска одлука.
На друго законодавство, блогерите со многу следбеници треба да одат преку формална процедура за регистрација од владина агенција.
„Сфаќаме дека компанииите се регистрирани под надлежност на САД. Но мислам дека во овој случај тие треба да обрнат внимание и на националното законодавство“, изјавил Ампелонски.
Ако компаниите не ги почитуваат руските државни барања за информации, „ние ќе мора да ги наметнеме нашите санкции“.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




