01 Ноември, 2024
0.0344

Русија со нов ултиматум за Бугарија:или рестарт на Белене или милијарда евра

Објавено во: Балкан 06 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Само една недела по изгласувањето на новата влада во Софија, Русија објави нов и уште заканувачки ултиматум против Бугарија - дека е подготвена сите документи за да поднесе во Меѓународниот арбитражен суд и да покрене нова постапка поради запирање на проектот за нуклеарната централа  Белене. Ова го соопшти потпретседателот на „Атомстројекспорт", Генадиј Тепкан за време на форумот на „Булатом" во Варна.  Иако тој не посочи за која точна сума станува збор, појасни дека штетата не е пониска од 1 милијарда евра. Една недела рок Тепкан исто така изјави дека ако за една недела Бугарија не преземе конкретни чекори, а не само да носи празни декларации, арбитражата за нуклеарката Белене може да биде прекината. Тоа е уште една силна закана која руската држава ја упатува поради одбивањето на Бугарија да продолжи со проектот Белене, изгласан минатата година и од страна на парламентот. Во јули 2011 година „Атомстројекспорт", со која државна Национална електрична компанија (НЕК) потпиша договор во 2007 година за време на тројната коалиција за изградба на втора нуклеарна централа во Белене, доби од парискиот суд за поднесената тужба оштета од 58 милиони долари за попречување на проектот. Во октомври истата година НЕК  поднесе тужба против руската компанија дека должи 61 милион евра кон Бугарија. Притисоци од сите страни Притисокот од претставникот на "Атомстројекспорт" во вид на ултиматум доаѓа по најавата на новиот премиер, Пламен Орешарски дека проектот Белене ќе биде довршен. Во својот прв медиумски  настап тој рече дека очекува барањето за оштета од руската страна може да достигне 2,4 милијарди евра и дека е скептичен оти има реални шанси Бугарија да победи во арбитражната постапка, па оттука поисплатливо би било да се продолжи со изградба на централата, чија вредност според консултантски анализа на банката HSBC ќе надмине 10 милијарди евра.

Можеби ќе ве интересира

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ТИРАНА: Грција реагира за нападот врз Белери

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ТИРАНА: Грција реагира за нападот врз Белери