РУСИЈА ТРИ ГОДИНИ Е ВО ВОЈНА: Kако им успеа да имаат ниска стапка на невработеност?
Објавено во: Економија 22 Мај, 2025 17:32
Невработеноста во Русија повторно се намали.
„Стапката на невработеност во Русија, според методологијата на Меѓународната организација на трудот, се врати на рекордни 2,3 проценти во март оваа година“, изјави вицепремиерката Татјана Голикова во интервју објавено денеска во списанието „Експерт“, пренесува Б92.
Вели дека во февруари, според методологијата на Меѓународната организација на трудот, стапката на невработеност малку се зголеми во споредба со јануари и изнесуваше 2,4 проценти.
„Но, до крајот на март гледаме враќање на овој индикатор на претходната позиција, на нивото од декември 2024 година - 2,3 проценти“, изјави Голикова.
Таа додаде дека за да се реализира потенцијалот на младите луѓе во Русија, одобрена е програма за промовирање на вработувањето на граѓани под 30 години, што донела добри резултати.
Инаку, Русија е во војна со Украина три години и три месеци, а поради инвазијата, ЕУ воведе повеќе сетови на санкции со цел да ја принуди Русија на мир или во најмала рака да ја забави незината воена машинерија.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година




