Добивај вести на Viber
Претседателот на Русија Владимир Путин ѝ нареди на Владата да го разгледаат прашањето за учество на „Руските железници“ во приватизацијата на грчкото пристаниште во Солун, грчкиот железнички оператор TrainOSE, како и компанијата за ремонт Rosco, јави Руска реч.
Рускиот монопол веќе побара дозвола за купување на тие активи, повикувајќи дека истите имаат стратешка важност за Русија во Европа. Почетната цена на трите компании е повеќе од 140 милиони евра. „Руски железници“ очекуваат државно финансирање за завршување на зделката. TrainOSE чини не помалку од 30 милиони евра, Rosco- 10 милиони, а пристаништето во Солун - 100 милиони евра.
Претседателот на „Руските железници“, Владимир Јакунин вели дека „Руските железници“ имаат прекрасна можност да ги обединат железничките и пристанишните проекти во Грција со проектите за развој на инфраструктурата во Србија, треба да се искористи потенцијалот на веќе купената компанија GEFCO за зголемување на обемот на превоз на стоки по тој транспортен коридор“, пишува Јакунин.
Јакунин смета на помош од државата во финансирањето на зделката: „Имајќи предвид дека ова се стратешки важни проекти за зголемување на улогата на Русија на европското економско пространство, логично и полезно ќе биде и државата да учествува во финансирањето“.
Дека Русија освен во Грција, Србија не се откажува и од другите големи проекти на Балканот покажува и најновата вест. Претходно Русија и упати
ултиматум на Бугарија, или да го рестартира протектот за изградба на нуклеарна централа Белене или ќе оди на суд со оштетно побарување од милијарда евра.