Русија во тотална војна со глобалните господари: Целосна забрана на увоз, производство и употреба на ГМО!
Објавено во: Свет 26 Јануари, 2015 19:47
Рускиот претседател Владимир Путин неодамна потпиша Кодекс на Руската Федерација за административни прекршоци според кои парично се казнуваат оние кои ќе ги прекршат условите за обележување на ГМО производи, воведувајќи уште по строги закони за увоз на ГМО производи.
Дали Русија наскоро ќе успее целосно да забрани ГМО на својата држава?
Комисијата на руската влада за правни активности го одобрила нацртот кој го донел министерството за наука и образование и го поддржал рускиот министер за земјоделство, Николај Фјодоров, а кој ќе забрани одгледување на генетски модифицирани организми во Русија.
Тоа не се однесува на научните истражувања (испитувања на опасноста од ГМО).
Владимир Путин неодамна се состана со рускиот Совет за безбедност по повод статусот и проблемот на националната безбедност поврзани со употребата на ГМО. Токму после овој состанок е потпишан нацртот на федералниот закон.
Доколку Русија успее да го одобри овој закон, постои надеж дека светот ќе биде ослободен од генетски модифицираните култури.
Нацртот ќе ги зајакне моменталните федерални закони за регулација на генетскиот инжинеринг со цел намалување на ризикот по луѓето и околината.
Целосно ќе се забрани одгледување на ГМО освен во случај на научни истражувања, но и ќе воведе построги контроли на ГМО производи, кои ќе мора да бидат регистрирани преку владина агенција.
Што е најважно, законот овозможува целосна забрана на увозот на ГМО во Русија врз основа на моменталните и идни истражувања кои веќе заклучиле дека постојат негативни ефекти од конзумирањето на овие производи. Законот предвидува и административни казни поради кршење на законот за увоз и одгледување.
Се очекува состанок на руските власти на кој нацртот ќе се земе во разгледување. Иако Русија е веќе многу близу до целосна забрана на ГМО, во моментот постојат 18 ГМО сорти во ГМО производите чиј увоз е одобрен. Иако тоа е многу пониско отколку во другите држави, и ако одгледувањето во Русија е забрането, ставовите стануваат се построги.
Премиерот Димитриј Медведев рекол дека Русија нема намера да увезува ГМО во блиска иднина.
Дали Русија наскоро ќе стане земја ослободена од ГМО?
И.Р
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




