26 Ноември, 2024
0.0262

РУСИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА СЕ ВО ПАНИКА: Една одлука може да им го промени животот

Објавено во: Свет 13 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Германија депортира се повеќе руски државјани во нивната татковина, иако нема директен лет меѓу двете земји. Бројот на депортации може дополнително да се зголеми доколку судовите и властите ја сметаат пресудата на Вишиот управен суд Берлин-Бранденбург (предмет број OVG 12 B 17/23) како преседан, пишува Дојче веле.

Овој суд утврди дека за младите руски војници, кои се повикани на воена служба, практично нема ризик да бидат испратени во војна во Украина. Тие би биле распоредени само за заштита на границата со Украина и Крим, се наведува во пресудата. Од сето ова, судот заклучи дека нема причина да се даде азил на руски државјани во Германија, бидејќи повикот за воена служба сам по себе не претставува причина за добивање азил.

Оваа пресуда беше донесена на крајот на август, но медиумите за неа дознаа дури сега. Информациите за овој случај се резултат на соработката меѓу новинарите на Дојче веле и информативниот портал tagesschau.de, кој работи како дел од јавниот сервис АРД.

Како започна сѐ: Чеченец тужи за депортација

Она што започна со тужба на поединец против депортација во Русија заврши со пресуда која може да стане преседан или образец за решавање на слични случаи. Оваа пресуда може да ги наруши плановите на стотици Руси кои ја напуштија својата татковина затоа што не сакаат да служат војска и кои поради оваа причина сакаат да добијат азил во Германија. Но, конкретно, во овој случај не станува збор за лице кое одбива да оди во војска или за дезертер. Тужителот бил 22-годишен руски државјанин со чеченско потекло.

Во Германија дошол на десет години, но неговото семејство не добило азил, туку само дозвола за привремен престој. Младиот човек станал криминалец и набрзо полицијата го класифицирала како т.н „интензивен сторител“, односно лице кое извршило повеќе кривични дела. Тој е осуден на две години и девет месеци затвор. Тој беше проблематичен и за време на казната. Имено, тој претепал затвореник и поради тоа е казнет. Во пролетта 2023 година, службата за имиграција го известила дека мора да ја напушти Германија.

Но, тој поднел тужба против таа одлука. Еден од неговите главни аргументи беше дека по враќањето во Русија ќе биде регрутиран и испратен во војната во Украина.

Судот го отфрли неговото барање. Образложението на пресудата има 16 страници. Делот за регрутирање во Русија се базира на десетици извори, вклучувајќи извештаи од владини и невладини организации и написи во европски и руски медиуми. Анализиран е рускиот систем на регрутирање за вооружените сили, како и ризиците за војниците кои би можеле да бидат испратени на фронтот.

Судиите заклучија дека е малку веројатно регрутираните војници да бидат испратени во Украина. Единствен исклучок се т.н „доброволни баталјони“ од Чеченија, но судот смета дека депортираниот тужител може слободно да го избере местото на живеење во Русија.

Критика кон политичарите

Оваа судска одлука наиде на остри критики од Робин Вагенер, координатор на федералната влада за меѓуопштествена соработка со Јужен Кавказ, Република Молдавија и Централна Азија: „Постојат безброј докази за ангажман на слабо обучени војници во војната на Путин којго прекршува меѓународното право, одново и одново слушаме дека руските војници се принудени да се борат против Украина со закани со смрт или тортура.

Руските активисти за човекови права тврдат дека ова не е прва ваква одлука на германски суд и дека често има пресуди врз основа на застарени или неточни информации.

Сѐповеќе депортации во Русија

Во првите осум месеци од 2024 година, 32 руски државјани беа депортирани од Германија. Тоа е четири пати повеќе отколку во цела 2023 година. Според статистиката на МВР, која ја видоа tagesschau.de и dw.com, Русите се депортираат преку трети земји. Вработените во Федералната полиција ги придружуваат до местото на префрлање и таму ги предаваат на безбедносната служба на авиокомпанијата.

Во документите на Министерството не се наведени аеродромите преку кои се вршат депортации во Русија. Се претпоставува дека тоа би можело да биде Белград или Истанбул, бидејќи од тие аеродроми се можни летови со одредена авиокомпанија.

Еден процент од позитивно решените барања за азил

Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година до август 2024 година, 5.831 руски државјанин на возраст меѓу 18 и 45 години побарале азил во Германија. Само 57 од нив добиле азил, а 154 баратели добиле само статус на привремен престој.

Речиси половина од барањата беа повлечени или одбиени од формални причини, вклучително и непочитување на Даблинскиот договор. Според таа регулатива, барањата за азил може да се поднесуваат само во земјата-членка на ЕУ каде лицето првпат пристигнало.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ТУРИСТИ ИСЧЕЗНАА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЕГИПЕТ: Бродот испратил сигнал за помош, па исчезнал од радарот (ФОТО)

ТУРИСТИ ИСЧЕЗНАА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЕГИПЕТ: Бродот испратил сигнал за помош, па исчезнал од радарот (ФОТО)

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната