Руска одмазда: Вискито и говедското од САД „летаат“ од Русија
Објавено во: Свет 04 Август, 2014 18:31
Русија планира да забрани увоз на бурбон, виски и говедско месо произведено во САД, бидејќи во нив пронашла „опасни супстанции“.
„Во бурбонот се пронајдени „фталати“, кои можат да предизвикаат органски и функционални промени во централниот и периферен нервен систем, во ендокриниот систем, како и рак и неплодност кај мажи и жени“ се наведува во соопштението на руската санитарна агензија „Roselhoznadzor“.
Американската десилерија Бартон, основана во 1792 година, која произведува „Кентаки бурбон“ (Kentucky Straight Bourbon Whiskey) ги прекршила „техничките стандарди“ на Царинската унија во која се Русија, Белорусија и Казахстан, додава руската санитарна агенција.
„Roselhoznadzor“ најави истрага за тоа прашање, чии резултати можат да доведат до забрана на увозот на американското виски.
Исто така, руската Федерална служба за ветеринрски и фитосанитарен надзор не ја исклучува можноста за целосна забрана на увозот на говедско месо од САД.
„Во моментот го преценуваме степенот за ризик. Не е исклучиво да бидеме принудени да воведеме ограничување“, изјавил Алексиј Алексејенко за Итар-тасс.
Денеска федералната служба пријавила дека е пронајден антибиотик тетрациклин во изладено телешко месо кое стигнало од „Marcho Farms“. Тоа е една од четирите американски фирми на кои говедско месо е на листата ограничен увоз.
Вкупно за испорака на тие производи во Русија се акредитирани 99 американски компании.
Русија често ја обвинуваат дека користи „пазарно оружје“ и санитарни проблеми, како средство за дипломатски притисок на соседите.
Од кога на Русија и се заострени санкциите поради украинската криза, Русија речиси секојдневно најавува забрани на увоз на некои нови прехрамбени производи под изговор дека сака да ги заштити своите потрошувачу
Москва побарала од судот и забрана на некои произведувачи од американските ланци за брза храна како Мекдоналдс, наведувајќи го како причина „кршењето на стандардите за безбедност“.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




