Руската економија петта во светот, а прва во Европа
Објавено во: Економија 07 Август, 2013 12:35
Руската економија ги престигна сите земји во Европа и го зазеде петтото место во светот според бруто домашниот производ, покажуваат најновите податоци на Светската банка. Експертите предвидуваат дека во иднина јазот помеѓу Руската Федерација и остатокот од Стариот континент ќе продолжи да расте.
Русија е многу поуспешна во борбата со светската економска криза отколку поголемиот број развиени земји, покажуваат податоците на Светската банка што се објавени во јули. Русија со својот БДП по глава на жител споредено со паритетот на куповната моќ (ПКМ) во 2012 ги престигнала сите земји во ЕУ, вклучувајќи ја и Германија, која се наоѓа на шестото место во светот.
Јулскиот рејтинг на Светската банка во однос на рускиот БДП во однос на ПКМ е уште една потврда за завидното ниво на руската економија, истакнуваат стручњаците. Според номиналниот БДП (податоците на ММФ) Русија напредувала од деветтото на осмото место.
Освен тоа, Светската банка на почетокот на јули ја премести Русија во групата земји со висок национален приход по глава на жител, а во последниве десет години Русија беше во групата земји со приход над просекот, пишува „Руска реч“.
Напредокот во рејтингот секако ќе биде важна предност за време на придружувањето на Русија на Организацијата за економска соработка и развој (OECD), кое е предвидено за 2015 година. За уште поголем раст на БДП по глава на жител стручњаците на OECD препорачуваат да се зголеми продуктивноста, да се стимулираат иновациите, а потоа и да се усовршат финансиските и даночните регулативи.
ММФ неодамна ја намали прогнозата за рускиот раст за 2013 година на 2.5 проценти. Прогнозите на Светска банка се само незначително пониски односно предвидуваат пораст од 2.3 проценти.
Во првата петорка пред Русија се наоѓаат САД, Кина, Индија и Јапонија. Треба да се додаде дека податоците на Светската банка го потврдија кредитниот рејтинг што Меѓународниот монетарен фонд го објави уште кон крајот на 2012 година, иако, според него, Русија во определен степен заостануваше зад Германија и го зазеде шестото место.
Можеби ќе ве интересира
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас




