Руската економија посилна отколку што се мислеше
Објавено во: Финансии 31 Јануари, 2024
Прогнозите на ММФ за Русија ја доведуваат во прашање ефикасноста на западните санкции.
Руската економија годинава ќе забележи многу поголем раст од претходно очекуваниот, бидејќи воените трошоци на претседателот Владимир Путин поттикнуваат посилен раст, објави вчера Меѓународниот монетарен фонд.
Се предвидува дека рускиот бруто домашен производ ќе порасне за 2,6 отсто оваа година, што е значително побрзо од октомвриските прогнози на ММФ и малку побавно од проценетиот раст од 3 отсто за 2023 година.
Зголемувањето од 1,5 процентни поени за руската економија е најголемо меѓу сите економии вклучени во ажурираното Светско економско истражување на ММФ, посочува „Фајненшл тајмс“, додавајќи дека тоа покренува прашања за ефективноста на западните санкции кои имаат за цел да ги поткопаат способностите на Кремљ за финансирање на војната во Украина.
Весникот посочува дека прогнозите на ММФ за Русија се уште попозитивни од прогнозите на Кремљ, бидејќи конзервативната Централна банка на Русија предвидува раст од само 0,5-1,5 проценти во 2024 година, што е пад во однос на 2,2 -2,7 проценти во 2023 година.
Пјер-Оливие Гуриншас, главен економист во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), рече дека новите проекции се „донекаде прелиминарни“ бидејќи економистите на фондот се обидуваат да ја потврдат руската статистика. „Она што дефинитивно е случај е дека руската економија се покажа подобро отколку што очекувавме ние и многу други“, рече тој во интервју за ФТ.
Ова може да се објасни со силниот стимул што го дава владата преку „воената економија“ во Русија, рече тој. Стабилните цени на стоките помагаат во одржувањето на приходите од извозот на фосилни горива и се важен придонесувач за севкупната активност.
Путин, кој традиционално им ја препушта макроекономската политика на своите технократи, на почетокот на овој месец на деловен состанок во Хабаровск предвиде дека растот дури ќе ја надмине официјалната прогноза на Русија.
На глобално ниво, Меѓународниот монетарен фонд малку ја зголеми својата прогноза за глобалниот економски раст, подобрувајќи ги изгледите и за САД и за Кина - двете најголеми економии во светот - наведувајќи го побрзото од очекуваното намалување на инфлацијата.
#Russia
— POLETICO(@Poletico_News) January 31, 2024
The Russian economy is poised for accelerated growth exceeding earlier projections, with the 2024 forecast indicating a robust 2.6% expansion according to the IMF.
This shows the resilience of the #Russian economy despite and #European efforts to hurt it. pic.twitter.com/52tP7gjkEH
„Глобалната економија продолжува да покажува извонредна отпорност, со паѓање на инфлацијата и задржување на растот. Се зголемуваат шансите за меко слетување“, изјави Гуринчас на новинарите. „Ние сме многу далеку од глобално сценарио за рецесија“, посочи тој.
Сепак, како што објави Ројтерс, тој предупреди дека остануваат ризиците, вклучително и геополитичките тензии на Блискиот Исток и нападите во Црвеното Море кои можат да ги нарушат цените на производите и синџирите на снабдување.
Фото: Принтскрин/Твитер* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.