Руската полиција уапси двајца осомничени за убиството на Немцов!
Објавено во: Свет 07 Март, 2015 11:44
Двајца осомничени се уапсени во врска со убиството на рускиот опозициски лидер Борис Немцов, објави Ројтерс.
Рускиот претседател Владимир Путин е известен за апсењето, изјави директорот на Федералната служба за безбедност Александар Бортников на руската државна телевизија "Русија-24".
„Како резултат на извршената работа денес беа приведени двајца осомничени за злосторството. Уапсените се Анзор Губашев и Заур Дадаев, за што беше информиран државниот врв“, изјави Бортников.
Тој прецизира дека осомничените се родум од Кавказ. Оперативните и истражни дејствија продолжуваат, додаде шефот на ФСС.
Можеби ќе ве интересира
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки




