Добивај вести на Viber
Потпис на указот за помилување на осудениот поранешен нафтен магнат Михаил Ходорковски, денеска стави рускиот претседател Владимир Путин, соопшти Кремљ.
- Раководен од принципите на хуманостот, решавам да биде помилуван Михаил Борисович Ходорковски и да биде ослободен од отслужување затворска казна, се наведува во текстот на претседателскиот указ.
Указот стапува во сила на денот на неговото потпишување.
Ходорковски беше осуден поради перење на пари и измама.