Руските и украинските војски водат битка за уште еден град во источна Украина
Објавено во: Свет 27 Јануари, 2023 16:22
Жестока битка се води во источна Украина, во градот Угледар.
Руските сили се обидуваат да го заземат, соопштија денеска руски и украински претставници, а Киев наведува дека Москва „го преувеличува“ успехот на својата офанзива.
Шефот на руската окупациска администрација во украинската област Доњецк, Денис Пушлин изјави дека „очекува добри вести од Угледар, рударски град кој имал околу 15.000 жители пред руската инвазија“.
„Опколувањето и идното ослободување на градот ќе реши некои работи“, рече Пушлин.
Освојувањето ќе отвори пат за офанзива кон градовите Покровск и Курахове.
Еден од неговите советници, Ијан Гажин рече дека во тек е „тешка и брутална борба“ и дека руските сили зазеле позиции во југоисточниот и источниот дел на Угледар.
Портпаролот на украинската војска за источната зона, Сергиј Черевати изјави дека е во тек „жестока борба“, но уверил дека Русите се потиснати.
Руските сили и трупите на групата „Вагнер“ деновиве го зазеле градот Соледар.
Јулија Мендел, поранешна портпаролка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави видео од ослободениот украински град Херсон. Иако е слободен, градот е празен. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари.Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




