19 Декември, 2025
0.2095

РУСКОСКА ПРИЗНА: Заев и барал преквалификација на делото за осомничените за 27 април

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2025 07:00

Добивај вести на Viber

Поранешната јавна обвинителка Вилма Рускоска, во гостувањето во поткастот на адвокатот Јанаки Митровски, одговори позитивно на прашањето на адвокатот дали поранешниот премиер Зоран Заев и барал преквалификација на делото за настаните од 27 април.

Кривичната пријава за настаните што се случи на 27 април 2017 година за упадот во Собранието беше поднесена во март 2018 година, a Русковска беше именувана за шефица на ОЈО ГОКК во октомври истата година.

Со истрагата беа опфатени 35 осомничени, а беше поднесено обвинение против 31 од нив. Тие одговараа за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Од 31 обвинети 16 беа осудени на вкупна казна од 188 години затвор, 14 добија амнестија.

На 23 ноември 2023 година Вилма Русковска беше разрешена од функцијата поради, како што беше јавно соопштено, незаконит претрес во просторите на Управата за финансиска полиција (УФП) летото 2022 година, додека директор на оваа институција беше Арафат Муареми.

Русковска и тогаш спомена притисоци од страна на политичари меѓутоа не сакаше да прецизира за кој точно политичар станува збор. Видеото може да го погледнете тука.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот