Руското ОБСЕ официјално ќе побара разгледување на Преспанскиот договор во ОН
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2018 11:48
Мисијата на Русија во ОБСЕ официјално објави дека ќе побара разгледување на дијалогот и евентуалниот конечен договор во спорот за името помеѓу Македонија и Грција во Советот за безбедност на Обединетите Нации, во согласност со став 3 и резолуцијата 845, објави МКД.
Овие пораки Русија ги праќа по разгледување на редовниот извештај на ОБСЕ за Македонија.
„Прашањето за државното име на Македонија да се реши без притисок од надвор и во вештачки услови и тоа решение треба да се заснова на широка јавна поддршка и исклучиво во рамките на правото.
Убедени сме дека обидите да се наметнат надворешни императиви на граѓаните на Македонија само ја влошуваат поделбата на македонското општеството.
Прогонството на оние кои не се согласуваат со политиките на Владата на Македонија се интензивираат. Продолжува невидениот притисок и врз претседателот на земјата, а се појавија и информации за тоа дека неговите телефони од канцеларијата се прислушувани.
Јавната доверба во силата на институциите и во демократските процедури е сериозно нарушена во Македонија. Референдумот, како алатка на законодавниот дом беше дискредитирана.
Интервенциите на западните земји во внатрешните работи на Македонија предизвикаа рецидив на акутна политичка криза во земјата која не е надмината повеќе од три години“, напиша Мисијата на Русија во ОБСЕ на својот официјален профил на Твотер.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




