РУТЕ ЗБОРУВАШЕ ЗА ВЛЕЗ НА УКРАИНА ВО НАТО: Ќе биде 33-та или 34-та членка?
Објавено во: Свет 17 Октомври, 2024
Неодамна назначениот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, на прес-конференција во Брисел изјави дека Украина ќе стане 33. или 34. членка на НАТО, кој во моментот има 32 членки.
„Во овој момент се чини дека Украина ќе влезе како 33. членка, но пред неа може да влезе некој друг. Но, Украина во иднина ќе биде членка на НАТО. Така решивме во Вашингтон“, изјави Руте.
Шведскиот министер за одбрана, Пал Јонсон, напомена дека на вечерната средба во Брисел ќе се разговара за планот за победа.
„Украина е на неповратен пат кон полноправно членство во НАТО, што е многу важно. Имаме многу да научиме од Украина кога станува збор за одбранбените иновации. Украина исто така има силни вооружени сили“, изјави тој.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски веќе го претстави планот за победа. Украина сака да влезе во НАТО, со цел да биде безбедна во иднина. Планот има пет клучни точки.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.