РЖ Услуги во првите девет месеци од годинава успеа да ја намали загубата на 13 илјади, од 186 илјади евра лани
Објавено во: Економија 05 Ноември, 2020
Компаниите преку Берзата ги објавуваат финансиските резултати за првите девет месеци од годинава.
Своите биланси ги објави и РЖ Услуги.
Тие говорат дека оваа компанија во првите три квартали од годинава, иако работела со негативен финансиски резултат, сепак, успеала да ја намали големата загуба што ја прикажала во истиот период од минатата година.
Па така, во првите девет месеци од 2020 РЖ Услуги остварила загуба од 13 илјади евра, наспроти 186 илјади евра колку што тежела „негативата“ во истиот тајминг од 2019 година.
Ова го покажува Консолидираниот биланс на успех на РЖ Услуги, од кој може да се види дека во првите девет месеци од годинава компанијата имала помали и приходи и трошоци од продажба во однос на лани, со тоа што лани расходите биле многу повисоки од приходите.
Па така, во првите девет месеци од годинава компанијата имала приходи од продажба од 123,1 милиони денари, а расходите под продажба биле 123,3 милиони денари.
Додека, пак, лани приходите од продажба изнесувале 141,1 милиони денари, а расходите од продажба близу 147,7 милиони денари.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.