Саботажи на мостови: Град Скопје пријави исечени кабли во Нерези
Објавено во: Македонија 19 Мај, 2023
Градот Скопје заедно со општина Карпош, денес поднесе пријава против непознат сторител поради оштетување на јавен имот и саботажа откако на „Железнички Мост“ во скопско Нерези на булеварот Васил Чакаларов во текот на вечерта намерно се исечени и оштетени електрични и комуникациски кабли.
Oткако на 11 мај ноќта се запали мостот„Беласица“ кој останува затворен за сообраќај и за пешаци во недогледно време, од Град Скопје иставаат простор за можна намерна саботажа и го повика МВР да го пронајде сторителот.
„Не сакаме да веруваме дека станува збор за намерна саботажа предизвикана од политичка агенда, но, ако судиме по реакциите на политичките партии кои го политизираа и пожарот на мостот „Беласица“ со шпекулации и предизвикување на општа несигурност и паника кај граѓаните, заклучокот е загрижувачки.
Апелираме до сите институции да ги превземат сите неопходни мерки за да се спречи ваквата појава, како и до сите политички чинители да не поттикнуваат вакво однесување“, соопштија од Град Скопје.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.