САД и Кина ќе работат заедно на завршување на војната во Украина
Објавено во: Свет 30 Октомври, 2025 10:41
Вашингтон и Пекинг ќе соработуваат за да се заврши војната на Русија во Украина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп по денешната средба со кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја, јави ДПА.
„Долго време разговаравме за тоа и двајцата ќе соработуваме за да видиме дали можеме да постигнеме нешто“, им рече Трамп на новинарите на летот назад кон Вашингтон.
Според Трамп, двајцата лидери се согласиле дека Русија и Украина се „заглавени“ во ќор-сокак.
„Но, тој ќе ни помогне и ние ќе соработуваме за Украина“, рече тој, имајќи го предвид кинескиот претседател, пренесе ДПА.
Пред состанокот, имаше шпекулации дека Трамп ќе ја повика Кина да го запре или намали увозот на нафта од Русија, клучен извор на приходи за воените напори на Москва. Но, Трамп рече дека прашањето за руската нафта не било дел од дискусиите, пренесе германската атенција.
Вашингтон долго време се обидува да ги намали приходите од нафта и енергија што помогнаа во финансирањето на руската воена машинерија, надевајќи се дека ќе ја принуди Москва да ја преиспита својата стратегија.
Трамп се обиде, без успех, во неколку познати прилики да посредува за прекин на борбите, и покрај тоа што се фали со својот силен личен однос со рускиот претседател Владимир Путин, потсетува ДПА.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




