Добивај вести на Viber
Американска делегација на високо ниво, по 35 години започна денес разговори со кубанските функционери во Хавана, со цел обновување на врските и нормализација на односите на двете земји.
Дводневниот состанок е прв откако американскиот претседател Барак Обама и неговиот кубански колега, Раул Кастро, на 17 декември минатата година направија историски чекор по 18 месеци преговори во насока да се обноват коректните односи на овие две држави.
Претставниците најнапред ќе се позанимаваат со проблемите од имиграцијата, а утре ќе разговараат за обновување на дипломатските врски.
Додека Куба бара укинување на 53 годишното американско економско ембарго како и бришење на државата од американската листа со спонзори на тероризмот како и прекинување на праксата со ангажирање на кубански лекари со цел да пребегаат во САД, Американците ќе ја „притиснат“ еднопартиската комунистичка држава да овозможи поголемо човекови права.
Високиот кубански претставник на министерството за надворешни работи во текот на вчерашниот ден направи јасна разлика помеѓу обновувањето на дипломатските односи и поширока нормализација на односите на двете влади.
„Куба не ги нормализира односите со САД. Куба се залага за повторно воспоставување на дипломатските односи со САД. Нормализација на односите е многу подолг и покомплициран процес“, истакнал кубанскиот висок претставник.
Американската делегација ја предводи Роберт Џејкобсон, главен дипломат за Латинска Америка и прв помошник на американскиот државен секретар.
Кубанската страна е предводена од Џозефина Видал, главен дипломат на кубанското министерство за надворешни работи.