18 Декември, 2025
0.0505

САД и Русија остануваат најголемите извозници на оружјe во светот

Објавено во: Свет 16 Март, 2015 11:33

Добивај вести на Viber

САД и Русија остануваат најголемите извозници на оружјe во светот, покажуваат податоците на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI).

Општо земено трговијата со конвенционалнo оружјe се зголемила за 16% меѓу 2005-2009 и 2010-2014 година.

Со 23% е зголемен обемот на изнесеното оружје од САД меѓу 2005-2009 и 2010-2014 година. 31% од целото изнесено оружје во светот е на САД, а процентот кај Русија е 27%.

САД одамна го разгледуваат извозот на оружје како важна надворешна политичка и безбедносна алатка, но во последниве години извозот е зголемен за потребите за поддршка на оружената индустрија во САД, за да се одржуваат нивоата во период на намалување на американските воени трошоци, изјавил директорот на програмата за воени трошоци во институтот.

Извозот на оружје од Русија е зголемен за 37% за наведените периоди.

Кинескиот извоз на оружје порасна за 143%, што ја прави земјата третиот најголем извозник во светот за периодот 2010-2014 година, но далеку зад САД и Русија. Во 2005-2009 година Кина беше на деветото место  во рангирањето.

Други големи извозници се Германија и Франција. Сепак значително се намалила продажбата на оружје од двете европски држави во последните 5 години - 43% пад на извозот на оружје од Германија на пример.

Европското оружје е намалено за 36% во зададениот период. Но, кризата во Украина ги натера некои европски држави да го зголемат увозот на оружје.

Според институтот продаденото оружје во светот е главно за два региона: Азија и Океанија и Средниот Исток.

Индија, Саудиска Арабија, Кина, Обединетите Арапски Емирати и Пакистан се клучните увозници - тие внеле 33% од сето продадено оружје на светскиот пазар. Њу Делхи е водечки во светот по увезено оружје, купиле 70% од оружјето од Русија.

Пример Азербејџан го зголемил увозот за 249% во 2005-2009 и 2010-14. Најголемиот увозник во Африка е Алжир, а по него Мароко.

Поради битката со „Исламска држава“ Ирак добил оружје од Иран, Русија и САД.

Институтот спроведува такви истражувања од 1950 година.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел